Леброн насокоро ќе се пензионира?
18.02.2025 14:20
„Не останува уште многу време. Едноставно тоа е реалноста и треба да се прифати. Наскоро ќе ставам крај на мојата професионална кариера“, изјави Џејмс за американските медиуми.

Кошаркарот на Лос Анџелес лејкерс, Леброн Џејмс наскоро ќе ја заврши кариерата.
„Не останува уште многу време. Едноставно тоа е реалноста и треба да се прифати. Наскоро ќе ставам крај на мојата професионална кариера“, изјави Џејмс за американските медиуми.
Во тековната сезона, 40-годишниот Леброн Џејмс одигра 48 натпревари во регуларниот шампионат на НБА, на кои имаше просек од 24,3 поени, 7,7 скока и 9 асистенции.
Големата НБА-ѕвезда во текот на својата богата кариера настапувано и за Кливленд кавалирс и Мајами хит.
