Разногласие за надзорната расправа за аерозагадувањето
Да се утврди одговорност, а не да се фрла гума за спасување – надзорна расправа за аерозагадувањето ќе има, но во Собранието кавги кое тело да ја организира...

Левица и ВМРО-ДПМНЕ се скараа за тоа кое собраниско тело да ја организира надзорната расправа за аерозагадувањето. Лидерот на Левица, Апасиев, кој воедно е претседател на Постојаната анкетна комисија, вели дека веќе закажал седница на 25-ти февруари на која ги поканил премиерот, надлежните министри, невладиниот сектор, претставници од приватните компании и инспекциските органи.
Владејачкото мнозинство предводено од ВМРО-ДПМНЕ веќе собрало 61 пратеник и ја доставило иницијативата до законодавниот дом да се расправа за проблемот со загадениот воздух. Сметаат дека надзорната расправа што ја закажал Апасиев е незаконска, бидејќи според Деловникот само собранискиот спикер Гаши може да го определи матичното тело на кое ќе се дебатира за овој проблем.
Аерозагадувањето е проблем кој изминативе 35 години државните и општинските власт се обидуваат да го решат со краткорочни мерки, среднорочни решенија и долгорочни стратегии. Сепак и понатаму во Скопје и другите градови во земјава граѓаните се гушат од штетните честички во воздухот, кои го загрозуваат здравјето на поранливите категории граѓани, особено во зимскиот период.
Игор Панов
