Владата воведува скалесто ограничување на маржите за над 1.000 производи
Власта не попушти пред барањата на трговците. Донесена е одлука за скалеста маржа од 5, 10 и 15 проценти на повеќе од 100 групи прозводи во трговијата на големо и мало. Овие производи не смее да се тргаат од рафтовите во продавниците. Со втората мерка, се ограничуваат цени на осум основни производи. Очекувањата се дека одлуките ќе донесат поевтинувања.

Скалесто ограничување на бруто-профитните маржи на над 1.000 прехранбени производи и средства за хигиена, утврдување на највисоката цена за осум најосновни производи што важела на 1-ви февруари. Владата не попушти пред притисокот од трговците и донесе одлуки кои, како што рече, треба да овозможат поевтинување и до 10 проценти. Ќе стапат на сила по објавувањето во Службен весник и ќе важат до крајот на април.
СДСМ, пак, со повик до власта да ги прифати нивните предлози за намалување и или укинување на ДДВ-то на струјата и храната.
Граѓаните се надеваат на пониски цени.
Од Владата рекоа дека трговските маржи биле превисоки.
Александра Велинова
