Временска прогноза
Наутро студено, преку денот сончево со мала до умерена облачност
19.02.2025 08:02
Ќе дува умерен до засилен северен ветер, наместа долж Повардарието со брзина над 60 km/h...

Утрото променливо облачно, а преку денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, наместа долж Повардарието со брзина над 60 km/h.
Минималната температура ќе се движи во интервал од -8 до 0 степени, а максимумот од -2 до 6 степени.
Во Скопје, утрото претежно облачно, во текот на денот облачноста ќе се намалува. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен северен ветер.
