Во Собранието ќе заседава Комисијата за економски прашања, труд и енергетска политика
Членовите на Комисијата ќе го разгледуваат Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за технолошки индустриски развојни зони, во второ читање...

Во Собранието денеска ќе заседава Комисијата за економски прашања, труд и енергетска политика.
Членовите на Комисијата ќе го разгледуваат Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за технолошки индустриски развојни зони, во второ читање.
Како што стои во образложението објавено на собраниската веб-страна, основна цел на предложениот Закон е овозможување на поефективен и правно унифициран пристап за привлекување на странски инвестиции во рамките на технолошки индустриски развојни зони, како и хармонизирање на прописите од областа на зоните заради остварување на конзистентност на правниот поредок на Република Северна Македонија.
Со предложените изменувања и дополнувања, како што се посочува во образложението, се прецизираат одредбите од Законот за технолошки индустриски развојни зони во делот на условите за користење на погодностите за инвестирање во технолошките индустриски развојни зони и посебните услови за вршење на дејностите во технолошките индустриски развојни зони поради потребата од утврдување на можностите за релокација на претпријатија во технолошки индустриски развојни зони, под услови и на начин регулиран како за европската економска заедница.
