Собрание

Асоцијацијата на одбранбени атешеа акредирани во РС Македонија во посета на Собранието

19.02.2025 08:31

Асоцијацијата ќе оствари средба со членовите на собраниската Комисија за одбрана и безбедност...

Во посета на Собранието денеска ќе престојува Асоцијацијата на одбранбени атешеа акредирани во Република Северна Македонија.

Како што информираат од собраниската прес-служба, Асоцијацијата ќе оствари средба со членовите на собраниската Комисија за одбрана и безбедност.

На настанот ќе се обратат Павле Арсоски, претседател на Комисијата за одбрана и безбедност и доајен на Асоцијацијата на одбранбени атешеа.