Невреме во Скопје: Посетителите на Водно заглавени во кабините на жичницата

03.08.2014 20:17

Силно невреме го зафати Скопје, а дел од посетителите на Милениумскиот крст останаа заробени во кабините од жичницата...

Поројни дождови и силен ветер го зафатија Водно. Невремето изненади дел од посетителите кои уживаа на врвот кај Милениумскиот крст. Не работи ниту жичницата, а дел од луѓето се наоѓаат во кабините. 
 
Се прават напори за активирање и принудно спуштање. Во моментот дождот добива се повеќе на интензитет.