Блиски Исток
Хамас и Израел ја забрзаа размената на заложници
19.02.2025 08:39
Хамас потврди дека во сабота ќе ослободи уште шестмина киднапирани-една недела пред предвиденото, а утре ќе ги вратат останките на четворицата мртви заложници...

Израел и Хамас се договорија да ја забрзаат следната размена на заложници за затвореници. Хамас потврди дека во сабота ќе ослободи уште шестмина киднапирани-една недела пред предвиденото, а утре ќе ги вратат останките на четворицата мртви заложници. Шестмината се последните живи кои треба да бидат ослободени во првата фаза на прекинот на огнот.
Одлуката на милитантите за забрзана размена доаѓа откако Израел дозволи мобилни домови и градежна опрема да влезат во разурнатиот Појас Газа.
