Болсонаро обвинет за обид за државен удар
Екс-претседателот е обвинет за заговор за поништување на гласањето, распуштање на судовите и зајакнување на војската, како и планирање атентат на новоизбраниот претседател Игнасио Лула да Силва со цел да ја задржи власта.

Бразилски јавен обвинител поднесе обвинение против поранешниот претседател Жаир Болсонаро за обид за државен удар по неговиот пораз на изборите во 2022 година. Екс-претседателот е обвинет за заговор за поништување на гласањето, распуштање на судовите и зајакнување на војската, како и планирање атентат на новоизбраниот претседател Игнасио Лула да Силва со цел да ја задржи власта. Врховниот суд ќе решава за вината на Болсонаро кој може да се соочи со затворска казна од 12 до 40 години.
Болсонаро ги негираше обвинувањата дека подготвувал државен удар, велејќи дека правно го оспорил неисправниот изборен систем и истражувал начини во Уставот да го поправи она што тој го смета за „сомнителен резултат“.
