Дербито со неславен крај

03.08.2014 20:39

Вардар со голот на Петров во 50-тата минута го совлада Пелистер во дерби-средбата од 1-то коло на 23-от фудбалски шампионат на Македонија. Во натпревар без многу шанси, вардарци притиснаа на почетокот на 2-то полувреме што резултира со голот за победа и со 2-3 убави шанси.
Вардар со голот на Петров во 50-тата минута го совлада Пелистер во дерби-средбата од 1-то коло на 23-от фудбалски шампионат на Македонија. Во натпревар без многу шанси, вардарци притиснаа на почетокот на 2-то полувреме што резултира со голот за победа и со 2-3 убави шанси. Сепак резултатот остана во втор план по инцидентот што се случи во финишот на средбата на стадионот под Тумбе кафе.
 
Силна експлозија се слушнала на трибината на која биле вардаровите навивачи и според првичните информации има неколку повредени навивачи, главно со повреди на екстремитетите. Покрај натпреварот Пелистер- Вардар денеска се одиграа уште 2 средби на кои славеа домаќините. Во Кратово повратникот во 1-та лига Силекс беше убедлив против Турново со 2-0 со головите на Пановски и на Велинов во 37-та и 70тата минута, додека Шкендија со пресврт ја победи Брегалница со 2-1.
 
Отворија штипјани со голот на Матиќ во 1-то полувреме, Шкендија израмнио во 79-тата минута откако погоди Вручина, а за комплетен пресврт се погрижи Кавдански во судиското продолжение. Вчера Ренова и Тетекс одиграа без победник и без голови, а утре 1-то прволигашко коло ќе го заокружат Работнички и Металург од 17 и 30 на арената Филип Втори.