Кошарка

Македонската кошаркарска репрезентација денеска заминува за Талин

19.02.2025 10:27

Македонската кошаркарска репрезентација денеска заминува за Талин каде во петок ќе го одигра претпоследниот квалификациски меч за пласман на Европското првенство 2025 година...

Македонската кошаркарска репрезентација денеска заминува за Талин каде во петок ќе го одигра претпоследниот квалификациски меч за пласман на Европското првенство 2025 година. Противник на „црвено-жолтите“ ќе биде Естонија, селекција која мора да се победи над пет поени разлика за да сонот Европско првенство продолжи.

„Нема да биде лесно, бидејќи станува збор за добра репрезентација која игра добра кошарка и ќе има поддршка од своите навивачи. Наша задача е да излеземе на терен и да бидеме спремни и да одговориме на нивната цврста и агресивна игра. Пет поени разлика не е нешто недостижно, тоа се два напади. Ако одиграме и ние цврсто во одбраната и делуваме како едно, сигурен сум дека ќе дојдеме до победа“, изјави капитенот Војдан Стојановски.

За разлика од првата средба во Скопје, во составот на Македонија ќе бидат двајцата евролигашки кошаркари, Ненад Димитријевиќ од италијански Милано и Ти-Џеј Шортс од француски Париз. Нивниот огромен квалитет треба да донесе поинаква и победничка игра.