Образование

Олеснети услови за стипендистите во странство, продолжува јавната расправа за концепцијата за средно гимназиско образование

19.02.2025 15:17

Олеснети условите за доделување стипендии за студентите кои ќе се запишат на некој од првите 100 светски универзитети на Шангајската листа. Конкурсот е објавен на страницата на Министерството за образование. Продолжува јавната расправа за новата концепција за средно гимназиско образование. Во моментов се дискутираат наставните планови...

Олеснети условите за доделување стипендии за студентите кои ќе се запишат на некој од првите 100 светски универзитети на Шангајската листа. Конкурсот е објавен на страницата на Министерството за образование, а апликантите ќе треба да исполнат неколку услови, меѓу кои и по завршувањето на студиите да се вратат во Македонија и да работат двојно повеќе време од студирањето. За да се подобри ефикасноста на мерката, МОН формираше и регистар на студенти корисници на овие стипендии.

Продолжува јавната расправа за новата концепција за средно гимназиско образование. Во моментов се дискутираат наставните планови, вели министерката Јаневска, која најави дека ќе има и теренски активности, но и средби со сите засегнати страни. Но, крајниот збор ќе го има Бирото за развој на образованието.

Законот за средно образование, кој беше вратен на доработка, вчера помина на владина седница и наскоро треба да се најде во собраниска процедура. Јаневска вели дека со новините од септември ќе се воведат образовни асистенти и за средношколците.

Викторија Милевска