Македонија

Институциите да го решат проблемот со неевидентираните граѓани, бара Народниот правобранител

19.02.2025 16:57

Проблеми со матичната евиденција на родени. Дванаесетгодишно девојче од Шуто Оризари до јануари годинава била невидлива за системот, немала матичен број...

Дванаесетгодишно девојче од Шуто Оризари до јануари годинава била невидлива за системот. Немала матичен број. Нејзината баба се обидела да ја впише во матичната книга на родени, но постапката се одолговлекувала. Сè додека координаторката на дневниот центар каде што одело девојчето не побарала помош од народниот правобранител.

Откако претставникот на Народниот правобранител се вклучил во постапката се утврдило дека десетиците документите кои биле барани од бабата, не се потребни. Вели, неажурноста на вработените од Управата за водење матични книги ќе биде ажурирана и во нивниот извештај.

Околу 700 лица во Македонија немаа матичен број. Со законските измени во 2021-ва година надлежните создадоа услови овој проблем да се реши.

 

Наташа Јанчиќ – Менковски