Средба Мицкоски - Касаноф во Вашингтон
Мицкоски денеска во Вашингтон остварил средба со заменик-помошникот секретар за Западен Балкан Александар Касаноф. Разговарале за состојбата во државата, европските интеграции...

Премиерот Мицкоски денеска во Вашингтон остварил средба со заменик-помошникот секретар за Западен Балкан Александар Касаноф. Разговарале за состојбата во државата, европските интеграции и пречките со кои се соочува земјава. Имаме идеја, имаме план, Македонија има пријатели!, напиша Мицкоски на социјалните мрежи.
Премиерот во следните три дена во Вашингтон ќе присуствува на конференција на конзервативна политичка акција.
На настанот е предвидено и обраќање на Мицкоски, а меѓу бројните говорници се најавуваат и Роберт Фицо, премиер на Словачка, Лиз Трас поранешна премиерка на Велика Британија, Џордан Бардела кој ја предводи десницата во Франција, заедно со Ле Пен.
