Временска прогноза

Наутро многу студено, преку денот сончево

20.02.2025 07:57

Ќе дува слаб ветер претежно од северен правец...

Утрото ведро и многу студено, преку денот сончево. Ќе дува слаб ветер претежно од северен правец.

Минималната температура ќе се движи во интервал од-13 до-4 степени, а максимумот од-1 до 8 степени.

Во Скопје, наутро студено, преку денот сончево со слаб северозападен ветер.