Утрово најстудено во Берово со измерени -14 степени
Измерени и-13 степени на Попова Шапка и во Маврови Анови, -12 во Крушево и Крива Паланка, -10 во Скопје-Петровец, Претор, Прилеп, Штип и Куманово, -9 во Велес, Скопје-Зајчев Рид...

Утрово е најстудено во Берово, -14 степени, а најмногу снег има на Попова Шапка, 32 сантиметра.
До 8:30 часот се измерени и-13 степени на Попова Шапка и во Маврови Анови, -12 во Крушево и Крива Паланка, -10 во Скопје-Петровец, Претор, Прилеп, Штип и Куманово, -9 во Велес, Скопје-Зајчев Рид, Тетово и Демир Капија, -8 вп Струмица, Виница, Претор и Кавадарци, -6 во Охрид, како и-4 степени во Гевгелија.
Висината на снежната покривка е 8 сантиметри во Маврови Анови и еден сантиметар во Крушево. Во текот на денот времето ќе биде сончево со слаб ветер претежно од северен правец.
