Познат идентитетот на тешко повредениот навивач на Вардар
Според првичните информации, навивачот на Вардар бил повреден од шок бомба, по што дланката му била ампутирана во битолската болница...

Триесет и седум годишниот Г.Н. од Скопје е навивачот кој вчера се здоби со тешки повреди на раката на натпреварот одигран меѓу Вардар и Пелистер во Битола, информираат од МВР.
Според првичните информации, навивачот на Вардар бил повреден од шок бомба, по што дланката му била ампутирана во битолската болница.
Како шок бомбата се нашла кај навивачот сеуште не е познато. Официјално се очекува полицијата во текот на денот да соопшти повеќе детали околу трагичниот настан.
Уште 7-мина се полесно при инцидентот што се случи вчера на дербито на македонската фудбалска лига меѓу Пелистер и Вардар во Битола. Истите се на домашно лекување.
