БЛИСКИ ИСТОК

Хамас денеска ќе ги вратат останките на четворица заложници

20.02.2025 08:40

Военото крило на групата Исламски џихад соопшти дека ќе биде предадени телата на Одед Лифшиц и на тројца членови на семејството Бибас. Борците на Хамас ги киднапираа Јарден и Шири Бибас и нивните две деца во нападот на 7 октомври 2023 година...

Хамас денеска ќе ги вратат останките на четворица заложници. Военото крило на групата Исламски џихад соопшти дека ќе биде предадени телата на Одед Лифшиц и на тројца членови на семејството Бибас. Борците на Хамас ги киднапираа Јарден и Шири Бибас и нивните две деца во нападот на 7 октомври 2023 година. Јарден беше ослободен на први февруари годинава.

„Враќаме дома четворица наши драги заложници, мртви. Овде гледаме со кого имаме работа, со што имаме работа, чудовишта. Тагуваме, но решени сме да се погрижиме вакво нешто да не се повтори“, истакна Бенјамин Нетанјаху, премиер на Израел.

Израел и Хамас се договорија да ја забрзаат следната размена на заложници за затвореници. Хамас потврди дека во сабота ќе ослободи уште шестмина киднапирани-една недела пред предвиденото. Шестмината се последните кои треба да бидат ослободени во првата фаза од договорот на прекинот на огнот.