Украина

Трамп: Зеленски треба да реагира брзо или ризикува да ја изгуби својата земја

20.02.2025 08:43

Американскиот претседател продолжува со јавните критики кон украинскиот претседател. Некои европски лидери застанаа на страната на украинскиот претседател, велејќи дека не смее да се спори легитимитетот на Зеленски...

Американскиот претседател продолжува со јавните критики кон украинскиот претседател. Трамп нагласува дека Зеленски треба да реагира брзо или ризикува да ја изгуби својата земја.

„Еден скромно успешен комичар, претседателот Зеленски, им рече на Соединетите Американски Држави да потрошат 350 милијарди долари за да влезат во војна што во основа не можеше да се победи, која никогаш не требаше да започне и никогаш немаше да започне ако јас бев претседател, одбива да има избори, бавен е. Диктатор без избори. На Зеленски му е подобро да се движи брзо. Нема да му остане земја. Мора да се движи брзо затоа што таа војна оди во погрешна насока. Во меѓувреме, ние успешно преговараме за крај на војната со Русија“, Доналд Трамп, претседател на САД.

Некои европски лидери застанаа на страната на украинскиот претседател, велејќи дека не смее да се спори легитимитетот на Зеленски. Украинскиот претседател вели дека е важно претстојниот состанок со американскиот претставник Кит Келог и севкупната соработка со Америка да бидат конструктивни. Средбата следува по состанокот во Ријад меѓу САД и Русија, за која Украина изрази незадоволство.