Трговија

Од денеска се очекува да поевтинат над 1.000 производи

20.02.2025 08:46

Се очекува да поевтинат над 1.000 прехранбени и непрехранбени производи откако во Службен весник се објавени одлуките на Владата за ограничување на бруто профитните маржи и за замрзнување на цените на дел од производите...

Од денеска се очекува да поевтинат над 1.000 прехранбени и непрехранбени производи откако во Службен весник се објавени одлуките на Владата за ограничување на бруто профитните маржи и за замрзнување на цените на дел од производите.

На самиот старт на владините одлуки, вчера реагираа од Комората на трговци на големо и на мало, од каде изразија загриженост и побараа повторно средба со премиерот Христијан Мицкоски и со министерот за економија и труд Бесар Дурмиши за да ги разгледаат последиците од овие одлуки.

Владата во вторникот на седница донесе одлуки за ограничување на бруто профитната маржа и за утврдување на највисоките цени на одделни производи со што треба да бидат опфатени 102 групи на производи или на над 1.000 прехранбени и непрехранбени производи.

Според Комората, со владините одлуки нема да бидат опфатени 1.000 производи, туку од 3.000 до 4.000 производи, вклучувајќи ги сите видови млеко, како и производите како што се детергентите и сапуните.