ЕВРОПА
Макрон следната недела оди во Вашингтон на средба со Трамп
20.02.2025 08:53
Францускиот претседател беше домаќин на уште еден состанок за Украина. Макрон ќе го посети Вашингтон идната недела, соопшти советникот за национална безбедност на Трамп...

Францускиот претседател беше домаќин на уште еден состанок за Украина. Новата средба е обид да го координира европскиот одговор на, како што ја нарече, егзистенцијална закана од Русија по промената на американската политика.
Макрон ќе го посети Вашингтон идната недела, соопшти советникот за национална безбедност на Трамп. Британскиот премиер Кир Стармер исто така ќе оди во САД истата недела, изјави Мајк Волц за Фокс њуз.
Посетите доаѓаат откако лидерите во Европа изразија загриженост дека САД ги заобиколуваат во обидите да преговараат за мир со Русија во Украина
