ТУРЦИЈА

Снежно невреме го парализираше Истанбул

20.02.2025 08:58

Поради снежно невреме училиштата во Истанбил се затворени, патиштата непроодни, а голем број летови одложени или откажани...

Снежното невреме го парализираше Истанбул. Училиштата се затворени, патиштата непроодни, а голем број летови одложени или откажани.

Па, многу ми е убаво. што можам да кажам? снегот е убав. ова беше снегот што го чекавме“, вели еден граѓанин.

„Патиштата во моментов се во ужасна состојба, имаме многу проблеми, сега сме во многу лоша ситуација. се обидуваме да живееме. се трудиме да си ја завршиме работата“, дополни друг.

Властите ги предупредија жителите да останат дома.