Јужна Африка
Дводневен состанок на групата Г20 во Јоханесбург
20.02.2025 10:50
Земјите во развој, како Јужноафриканската Република, Бразил и Индија, се фокусирани на прашањата за глобалните институции, климатските промени и економскиот развој...

Министрите за надворешни работи на групата Г20 на дводневен состанок во Јоханесбург. Главни теми на агендата се конфликтот на Блискиот Исток и војната во Украина.
Земјите во развој, како Јужноафриканската Република, Бразил и Индија, се фокусирани на прашањата за глобалните институции, климатските промени и економскиот развој.
Г20 обединува 19 земји, Европската Унија и Африканската Унија.
