Продолжува јавната расправа за законски измени за поголема безбедност во сообраќајот
Во Собранието треба да продолжи јавната расправа за потребата од измени на законската регулатива со цел зајакнување на безбедноста во сообраќајот...

Во Собранието треба да продолжи јавната расправа за потребата од измени на законската регулатива со цел зајакнување на безбедноста во сообраќајот.
На денешната седница се очекува да бидат посочени заклучоци од одржаната јавна расправа која почна на 7-ми февруари. Министерот Тошковски тогаш истакна дека фокусот не смее да биде само на законите, на заострување на казните, туку на градење на систем којшто ќе овозможи конкретно елиминирање на неказнивоста.
Беше посочено и дека во делот на законските измени е неопходно ревидирање на законските одредби кои ги регулираат сообраќајните прекршоци.
Иницијативата за јавната расправа уследи по случајот со Фросина Кулакова која на 29-ти јануари беше прегазена на пешачки премин на булеварот „Партизански одреди“. Иницијативата беше поднесена од страна на пратеници од владејачките ВМРО-ДПМНЕ, „Вреди“ и ЗНАМ, а поддршка дадоа пратениците од сите политички партии.
