Богдановиќ надвор од теренот до крајот на НБА сезоната

20.02.2025 10:43

Богдановиќ ќе мора да биде опериран поради повреда на стапалото и ќе го пропушти остатокот од сезоната, објави денеска познатиот инсајдер на НБА и новинар на ЕСПН, Шамс Чаранија.

Хрватскиот кошаркар на НБА лигашот Бруклин, Бојан Богдановиќ, поради повреда на стапалото ќе биде надвор од терените до крајот на сезоната.

Богдановиќ ќе мора да биде опериран поради повреда на стапалото и ќе го пропушти остатокот од сезоната, објави денеска познатиот инсајдер на НБА и новинар на ЕСПН, Шамс Чаранија.

Хрватскиот крилен напаѓач го одигра својот последен натпревар на 28 април минатата година, додека сè уште беше член на Њујорк, пред да биде подложен на првична операција на левото стапало.

Богдановиќ последните 11 сезони ги помина во НБА, играјќи за Бруклин, Вашингтон, Индијана, Јута, Детроит и Њујорк Никс.