Државни станови за намалување на цените
Цените на становите уриваат рекорди. Тешко се доаѓа до недвижност. Граѓаните се жалат, инвеститорите велат – пазарот ги диктира условите, Владата одлучи да им конкурира со државни комерцијални станови во обид да ги намали цените на квадратот.

Огин скапи станови, а побарувачката не стивнува. Се купуваат станови и по 2.500 – 3.000 евра за квадрат, се градат 5.000 други, а секој трет, барем во главниот град зјае празен покажуваат податоците од заводот за статистика. А не секој може да си купи од оние на кои им треба кров над главата.
Градежниците ги правдаат цените со неколкукратно поскапите материјали, меѓу другото поради војната во Украина од каде пред сè се набавуваа. Велат цените ќе се стабилизираат.
Државата со 1.000 евра по квадратен метар ќе ги урива цените на бројни моќни градежни инвеститори. Владата преку Акционерското друштво за станбен и деловен простор, откако во јануари донесе одлука веќе почна со продажба на станови во Битола.
Експертите од областа уверуваат дека е голема веројатноста за појава на заситеност во односот понуда-побарувачка кој сега главно ги диктира цените на становите.
Според најавите на Владата во Скопје ќе се градат четири комерцијални згради, а во Охрид и во Штип по една, каде метар квадратен ќе чини илјада евра.
Фиљана Кока
