Вонредна состојба во Република Српска пред изрекувањето на пресудата на Додик
Владата на Република Српска прогласи вонредна состојба пред изрекувањето на пресудата на претседателот на ентитетот, Милорад Додик...

Владата на Република Српска прогласи вонредна состојба пред изрекувањето на пресудата на претседателот на ентитетот, Милорад Додик. Соопшти дека е подготвена да ги преземе сите неопходни мерки за заштита на институциите имотот и интересите на граѓаните.
Со завршните зборови на одбраната и обвинителството, заврши едногодишното судење на Додик и директорот на Службениот весник, Милош Лукиќ, кои се обвинети за неисполнување на одлуките на високиот претставник на меѓународната заедница во БиХ.
Државниот обвинител побара Додик и Лукиќ да бидат прогласени за виновни и осудени на затворски казни и да им се забрани вршење јавни функции. Одбраната, пак, побара ослободителна пресуда.
