По банкрот на туристичкиот оператор, илијадници руски туристи „заглавија“ во Грција
Грчките медиуми наведуваат дека хотелиерите, каде се сместени руски туристи, се жалат дека нема кој да ги покрие нивните трошоци...

Илјадници руски туристи се заглавени на грчки острови, пред се на Кос, на Крит, на Крф и најголем број на Родос, откако банкротира рускиот туроператор „Лавиринт“.
Грчките медиуми наведуваат дека хотелиерите, каде се сместени руски туристи, се жалат дека нема кој да ги покрие нивните трошоци.
Пропаднатиот руски туроператор е под надлежност на компанијата „Идеал тур“ кој ги купила авионските карти. Но, „Идеал тур“ должи од 35 до 70 милиони евра на „Оренер“, фирма-ќерка на државната авиокомпанија „Аерофлот“.
Синоќа стотици руски туристи чекале на аеродромот на Родос без да знаат дали ќе бидат превезени до Русија.
Се претпостава дека во Грција во моментот се блокирани околи 11.000 руски туристи.
