Земјоделците бараат поголема контрола на цените на земјоделска механизација
Во тек е јавниот повик од ИПАРД 3 програмата-мерка 1, со која земјоделците ќе имаат можност да добијат финансиски помош до 75% за набавка на основни средства како и земјоделска механизација. Земјоделците велат секоја помош е добредојдена, но средствата не можат да ги искористат во целост, дел од средствата им одат за камата на кредитите. Бараат нов модалитет за плаќање како и поголема контрола на цените земјоделска механизација, за која како што велат пред објавување на секоја ИПАРД програма, цените преку ноќ растат …

По контролите на маржите на основните прехранбени продукти, земјоделците со барање до надлежните да вршат контрола и на земјоделската механизација, која како што велат тие, пред секој повик од ИПАРД програмите, цените на овие машини преку ноќ растат.
Исто така бараат нов модалитет за олеснително плаќање. Предлагаат државата да ги уплати субвенциите што им ги доделува, а земјоделците да го доплатат остатокот, со што нема да мораат од банка да подигнат кредит за цел износ, за кој ќе плаќаат голема камата.
Во тек е јавниот повик од ИПАРД програмата-мерка еден. Целта на повикот е да се зголеми конкурентноста на македонското земјоделство, со цел да се постигнат стандардите на Европска унија.
Земјоделците имаат можност да инвестираат во материјали за основни средства за земјоделски стопанства, да набават трактори и помошна механизација, како и опрема за добивање енергија од обновливи извори за сопствено производство.
Александра Максимовска
