Министерката за финансии дојде на протестот на сметководителите
Стопанството во опасност од непредавањето на завршните сметки. Сметководителите се жалат дека се ставени пред свршен чин, излегоа на протест пред Министерството за финансии. Министерката слезе да ги сослуша барањата...

Сметководителите излегоа на протест пред Министерството за финансии. Се пожалија дека имале сериозни злоупотреби од консалтинг куќи кои им вршат задолжителни обуки. Велат дека на околу 3.000 сметководители им е одземено правото на потпис на годишните сметки и стопанството е ставено во опасност од последиците поради непредавањето на сметките.
Додека траеше протестот, ненајавено се појави министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска.
Министерката ги покани да влезат во министерството и во архивата да ги остават сите документи. Очекуваат решавање на проблемот.
Сметководителите бараат, оние што се привремено избришани од регистарот поради задолжителните обуки, да можат да ги потпишуваат годишните сметки за 2024-та, кои треба да ги достават до УЈП. Бараат законски измени со кои на Институтот на сметководители, ќе му се одземат или строго ќе му се ограничат ингеренциите за контрола на квалитет.
Борис Грујоски
