Повеќе грипозни споредено со лани, велат лекарите
Земјава се наоѓа во пикот на заразата со грип. Неделава има помалку заразени споредено со претходната, но, бројот на болни е значително поголем од лани...

Втора недела по ред се намалува бројот на новорегистрирани со грип, покажува последниот извештај на Институтот за јавно здравје. Но лекарите велат во споредба со минатата година годинава имаме повеќе инфицирани.
Речиси 97% повеќе болни има од лани. Доминира инфлунеца Б која дава поинтензивна клиничка слика. Состојбата е очекувана, болничките капацитети не се преоптоварени.
Најмногу новозаболени има во Скопје, Битола, Куманово, Струмица. Со цел да се спречи ширење на грипот, здравствените власти ги забранија посетите во болниците, препорака до граѓаните, но и до медицинскиот персонал е да носат заштитни маски во здравствените установи.
Десетина пациенти со грип во потешка состојба се хоспитализирани на инфективната клиника. Досега има два смртни случаја.
Наташа Јанчиќ-Менковски
