Ден на мајчиниот јазик
Љутков: Да не дозволиме македонскиот јазик да биде замолкнат
20.02.2025 14:55
Со повик да забрза имплементацијата на новиот Закон за употреба на македонски јазик, одбележан Меѓународниот ден на мајчиниот јазик...

Никогаш да не дозволиме македонскиот јазик да биде замолкнат, да го чуваме со љубов, зборувајќи го гордо и пишувајќи го со почит, истакна министерот за култура Зоран Љутков на одбележувањето на Денот на мајчиниот јазик.
Сите јазици во Македонија треба да бидат заштитени, започнувајќи од македонскиот, вели директорката на Институтот Крсте Петков - Мисирков, Елена Јованова- Грујовска. Таа побара брза имплементација на новиот закон за употребата на македонскиот јазик.
20-ти февруари е прогласен за Меѓународен ден на мајчиниот јазик од УНЕСКО во 1999-та година.
Марија Котовска
