Десет заклучоци за поголема безбедност во сообраќајот
Заострување на казнената политика, поскоро ставање во функција на системот „безбеден град“, законски измени до крајот на годинава – 10 заклучоци се усвоени на јавната расправа за поголема безбедност во сообраќајот, организирана по трагичната смрт на младата Фросина Кулакова…

Во Собранието заврши јавната расправа за законските измени за поголема безбедност во сообраќајот. Донесени конкретни заклучоци. Подигање на свеста и одговорноста на учесниците во сообраќајот и елиминирање на неказнивоста на сторителите. Измените на законските решенија треба да се направат до крајот на годинава, а МВР да ја забрза постапката за што поскоро да профункционира системот „безбеден град“.
Во јавните расправи потенцирано и дека мора да се работи на превентивните мерки, за да нема потреба од законски измени и драконски казни.
Јавната расправа произлезе по смртта на младата Фросина на Партизанска, која беше прегазена од 20-годишниот Васил. Осомничен е за убиство со умисла. На протестите побарано правда за Фросина, здрав и безбеден град и промена на културата на однесување во сообраќајот.
Миле А. Ристески
