Здравство
Вработување на договорците на дело во прилепската болница
20.02.2025 17:49
Во здравствените институции ќе се вработува медицински персонал. 1.180 „договорци“, 600 специјализанти, а има и специјалисти кои се враќаат од странство...

Златко Јаков е абдоминален хирург. Од Германија се врати за да работи во прилепската болница. Вели дека сака знаењето да го вложи во својата земја.
Министерството за здравство ќе го ангажира Јаков, а ќе вработи и 600 специјализанти и 1.180 договорци во здравствените институции во земјава. Вработувањата деновиве целосно ќе ги одобри финансии. Директорите на болниците ќе имаат дискреционо право кого ќе го вработат.
Болницата се екипира со специјалисти во одделенијата, но и со нова софистицирана опрема за операции. Министерството нема забелешки за стручната работа.
Елизабета Митреска
