Средба МОН-СОНК, нов колективен договор и повисоки мартовски плати
Министерката за образование Јаневска на средба со претставниците на СОНК. Најавен колективен договор и повисоки мартовски плати за 7 проценти.

Мартовската плата на наставниците во основните и средните училишта ќе се зголеми за 7 проценти. МОН и СОНК договорија покачување, второ за помалку од 6 месеци откако при крајот на минатата година наставничкиот кадар доби 5-процентно зголемување на платите.
При крај се и разговорите за потпишување на колективниот договор што не е променет од 2008-та година.
Законот на високо образование се подготвува во консултации со сите универзитети во земјава, вклучувајќи ги и приватните. Со него ќе се најде начин како студентите што биле стипендирани од страна на државата во странство може да придонесат без да се вратат дома.
Ирина Гелевска
