Одлука

Жерновски е отповикан од должноста амбасадор во Романија

20.02.2025 18:22

Жерновски вели дека ваквата одлука ја дознал по нејзината објава во „Службен весник“. Тој претходно не добил никаква информација.

Андреј Жерновски е отповикан од должноста амбасадор во Романија. Указот на претседателката Сиљановска-Давкова е од 14-ти февруари годинава.

Жерновски вели дека ваквата одлука ја дознал по нејзината објава во „Службен весник“. Тој претходно не добил никаква информација.

Жерновски акредитивните писма, официјално ги предаде пред помалку од една година.