Кривичен Суд

Во Кривичен суд продолжува судењето за двојното убиство

21.02.2025 08:24

Во скопскиот Кривичен суд продолжува судењето за убиството на малолетната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски.На последното рочиште обвинителката Жаклина Трајковска во кратка содржина пред судот образложи 180 од вкупно 197 докази, кои се однесуваат на локациите каде што биле најдени жртвите, наодите од увидите на истражните органи, најдените траги, обдукциските наоди, како и извештаите од психијатриските вештачења...

Во скопскиот Кривичен суд продолжува судењето за убиството на малолетната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски. Првообвинет е Љупчо Палевски, заедно со Боре Видевски, Велибор Манев и Влатко Кешишов, како и таткото на девојчето, Александар Ѓорчевски.

На последното рочиште обвинителката Жаклина Трајковска во кратка содржина пред судот образложи 180 од вкупно 197 докази, кои се однесуваат на локациите каде што биле најдени жртвите, наодите од увидите на истражните органи, најдените траги, обдукциските наоди, како и извештаите од психијатриските вештачења.

Обвинетите уште на првото рочиште се произнесоа дека не се чувствуваат виновни.