Г-20

Фидан на средба со руските и кинеските колеги

21.02.2025 08:34

Во фокусот на средбата биле неодамнешните напори за ставање крај на војната во Украина, решението за две држави во Газа и чекорите кон инклузивен политички процес во Сирија...

Турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан разговараше со министрите за надворешни работи на Русија, Кина, Ирска и Сингапур на маргините на состанокот на Г-20 во Јужна Африка. Во фокусот на средбата биле неодамнешните напори за ставање крај на војната во Украина, решението за две држави во Газа и чекорите кон инклузивен политички процес во Сирија. Фидан ја повторил поддршката на Турција за суверенитетот на Украина и ја критикувал неефикасната улога на Советот за безбедност на ОН во услови на глобални тензии.

Состанокот во Јоханесбург е во сенка на отсуството на американскиот државен секретар Марко Рубио, кој го прескокна собирот поради тензиите со земјата домаќин.