Експлозии јужно од Тел Авив, експлодираа три автобуси во Бат Јам
Во истовреме Израел го обвини Хамас за прекршување на договорот откако надлежните утврдиле дека едно од предадените тела не е мајката на двете деца на семејството Бибас и не припаѓа на ниту еден друг заложник...

Израелските власти истражуваат можен терористички напад јужно од Тел Авив откако експлодираа три автобуси во Бат Јам. Воведени се рестрикции за палестинското движење и затворени делови од Западниот Брег. Во истовреме Израел го обвини Хамас за прекршување на договорот откако надлежните утврдиле дека едно од предадените тела не е мајката на двете деца на семејството Бибас и не припаѓа на ниту еден друг заложник. Милитантите без коментар. ОН го осудија Хамас за начинот на синоќешното предавање на ковчезите на заложниците опкружени со транспаренти, и Нетанјаху прикажан како вампир.
„Генералниот секретар го осудува парадирањето на телата и изложувањето на ковчезите на починатите заложници на овој одвратен и ужасен начин. Според меѓународното право, секое предавање на останките на починатите мора да биде во согласност со забраната за сурово, нехумано и понижувачко постапување“, изјави Стефан Дујарик, портпарол на генералниот секретар на ОН.
Утре треба да бидат разменети уште 6 живи заложници за стотици палестински затвореници, по што треба да почнат преговорите за втората фаза од договорот.
