Подготовки за Св.Никола
Во Прилеп почнаа подготовките за традиционалната прослава на патронот, свети Никола. Вредните прилепчанки веќе ги виткаат малите посни сарми со кои градот влезе и во Гинисовата книга на рекорди.
Посни сарми, богата трпеза, радост, песна и добри желби. Почнаа подготовките во Прилеп за Свети Никола. Расположените прилепчанки, традиционално, ги подготвуваат малите сарми. Рецептот го знаат постарите, а учат младите.
Свети Никола е многу голем празник и сите го чекаме со душа.

- Во цела Македонија никаде не се прават толку мали сарми.
- Има и помлади што се интересираат. Сепак, постарите ја знаат работата и мора да бидат во поголем број.- велат анкетираните.
Годинашен домаќин на градската слава е фирмата „Микросам“.
- Секако е голема чест и одговорност да се среди се како што треба и да биде како што било порано. Ова е празнување и за градот и за нашата фирма, вели Самоил Самакоски, директор на „Микросам“
Локалните власти по седми пат ја поддржуваат прославата на заштитникот на морепловците, сиромашните, на децата. Со патронот, и на градот му оди.
- Верувам дека 2014 година ќе биде економски бум за самиот град и во поглед на инвестициите и на вработувањата и на голем број проекти што ќе му дадат уште поголем шмек, вели градоначалникот Марјан Ристески.
За Свети Никола на Градскиот плоштад ќе биде поставена посна трпеза со 60 000 сарми, 200 килограми грав, 350 килограми риба, 100 килограми маслинки. Благословот доаѓа и пред празникот.
Сите се радуваме за Свети Никола, најбогат е, најдарежлив.
Половина прилепчани го слават Свети Никола, а другата половина одат кај нив на гости. Прилепчанки горди на традицијата и на обврската – секоја жена мора да свитка барем по 1000 мали светиниколски сарми.
Елизабета Митреска
Снимател и монтажа: Илчо Димески