УХМР
Утрово насекаде минусни температури, најстудено во Берово
21.02.2025 09:16
Утрово е најстудено во Берово, -14 степени, а најмногу снег има на Попова Шапка, 32 сантиметра...

Утрово е најстудено во Берово, -14 степени. До 8 часот и 30 минути се измерени-11 во Маврови Анови и на Попова Шапка, -10 во Крива Паланка и Демир Капија, -9 во Скопје-Петровец, Битола, Штип и Струмица, -8 во Скопје-Зајчев Рид, Тетово, Куманово, Велес и Крушево, -7 во Прилеп, Виница, Кавадарци и Гевгелија, како-5 во Охрид и Претор.
Најмногу снег има на Попова Шапка, 32 сантиметра. Снежната покривка во Маврово е 8 сантиметри.
