Од почетокот на месецов, заклучно со вчера – издадени 18.132 платни налози за прекршоци во сообраќајот
Притоа по основ на непочитување на брзината на движење и непрописното паркирање евидентирани се – 273, односно 270 прекршоци...

Во рамки на вчерашните активности на полициските службеници во поглед на постојаните сообраќајни контроли низ патиштата во земјава, според статистичките показатели, беа издадени 864 платни налози. Притоа по основ на непочитување на брзината на движење и непрописното паркирање евидентирани се – 273, односно 270 прекршоци. Исто така, по основ на управувањето на возило без возачка дозвола вчера беа детектирани 58 прекршоци, потоа следат 33 случаи на некористење сигурносен појас и 28 случаи на зборување со мобилен телефон при управување со возило.
Покрај ова евидентирани се 14 прекршоци кај пешаци, седум лица управувале возило со недозволено ниво на алкохол во крвта, и три минувања на црвено светло. Во 21 случај, согласно Законот за возила, од сообраќај се отстранети нерегистрирани возила.
