Ден на мајчиниот јазик

Мицкоски: Македонскиот јазик не е само средство за комуникација, туку жива историја, длабока емоција и идентитет

21.02.2025 11:55

Денес, на Меѓународниот ден на мајчин јазик премиерот Христијан Мицкоски преку социјалните мрежи од Вашингтон порача да му одадеме почит на јазикот што нè обликува, нè учи да сакаме, да се бориме и да мечтаеме...

Денес, на Меѓународниот ден на мајчин јазик премиерот Христијан Мицкоски преку социјалните мрежи од Вашингтон порача да му одадеме почит на јазикот што нè обликува, нè учи да сакаме, да се бориме и да мечтаеме.

„Македонскиот јазик не е само средство за комуникација, туку жива историја, длабока емоција и идентитет што го носиме во секој збор. Да го чуваме, негуваме и гордо пренесуваме на идните генерации, бидејќи секоја изговорена реченица е сведоштво за нашата култура, традиција и непокор. Среќен нека е денот на сите што зборуваат од срце, на јазикот на своите корени,

Денес, на Меѓународниот ден на мајчин јазик, да му одадеме почит на јазикот што нè обликува, нè учи да сакаме, да се бориме и да мечтаеме. Јазикот е наш долг и наше право – Крсте П. Мисирков

Да го чуваме, негуваме и гордо пренесуваме на идните генерации, бидејќи секоја изговорена реченица е сведоштво за нашата култура, традиција и непокор. Среќен нека е денот на сите што зборуваат од срце, на јазикот на своите корени“, напиша  Мицкоски на Фејсбук,