Додик има подготвен одговор доколку има пресуда за вина
Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, изјави дека судскиот процес против него во судот на Босна и Херцеговина не требало да се случи доколку вистински постоело право и правда...

Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, изјави дека судскиот процес против него во судот на Босна и Херцеговина не требало да се случи доколку вистински постоело право и правда.
Тој нагласи дека Република Српска се залага за Уставот на Босна и Херцеговина и за почитување на Дејтонскиот мировен договор, за разлика од странците и политичарите од Сараево, и повтори дека ова е политички процес.
Додик кој е обвинет за неисполнување на одлуките на високиот претставник на меѓународната заедница во БиХ најави дека има подготвен одговор доколку има пресуда за вина. Владата на Република Српска вчера прогласи вонредна состојба пред неговото изрекување на пресудата в среда наредната недела.
