Кривичен суд
Продолжи судењето за убиството на Вања и Панче
21.02.2025 13:16
Основното јавно обвинителство не го прифати барањето на првообвинетиот Палевски за изземање на обвинителките од предметот.

Ново судење на убиството на младата Вања и велешанецот Панче. Основното јавно обвинителство не го прифати барањето на првообвинетиот Палевски за изземање на обвинителките од предметот. На денешното рочиште Обвинителството ги презентира доказите кои треба да докажат дека петтемина обвинети се сторители на свирепото убиство.
Анита Димитријевска-Велковска го следи денешното рочиште.
