Статистика

Просечната плата во декември 43.587 денари

21.02.2025 19:40

Во однос на претходниот месец, ноември 2024-та, просечната нето плата е зголемена за 1.588 денари или за 3,8%. На годишно ниво, во однос на декември 2023-та, просечната нето плата се покачила за 9%.

Просечната нето- плата во декември изнесувала 43.587 денари, пресмета Државниот завод за статистика. Во однос на претходниот месец, ноември 2024-та, просечната нето плата е зголемена за 1.588 денари или за 3,8%. На годишно ниво, во однос на декември 2023-та, просечната нето плата се покачила за 9%.

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на растот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Административни и помошни услужни дејности (13,2 %), Транспорт и складирање (12,3 %) и Рударство и вадење на камен (12 %).

Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Рударство и вадење на камен (13,4 %), Административни и помошни услужни дејности, Градежништво (7 %) и Финансиски дејности и дејности на осигурување (5,6 %).

Просечната бруто-плата во декември 2024-та година изнесувала 65.582 денари.