Македонија

Избрани најуспешните ученици од повикот на МОЗ за творби на мајчин јазик

21.02.2025 19:10

Наградените ученици, придружени од нивните ментори, ги прочитаа своите творби на слободна тема и напишани на нивниот мајчин јазик, што беше и услов на повикот, односно да бидат напишани на македонски, албански, турски, ромски, српски, босански, влашки и/или други јазици, независно дали е застапен во редовната настава во училиштето.

Ученици од шесто до деветто одделение кои имале најдобри прозни или поетски творби на мајчин јазик, на повикот на Министерството за односи меѓу заедниците (МОЗ), денеска во неговите простории добија пригодни награди на настан по повод Меѓународниот ден на мајчиниот јазик.

Настанот беше организиран во соработка со Управата за развој и унапредување на образованието на јазиците на припадниците на заедниците и Управата за афирмирање и унапредување на културата на припадниците на заедниците.

Наградените ученици, придружени од нивните ментори, ги прочитаа своите творби на слободна тема и напишани на нивниот мајчин јазик, што беше и услов на повикот, односно да бидат напишани на македонски, албански, турски, ромски, српски, босански, влашки и/или други јазици, независно дали е застапен во редовната настава во училиштето.

Вицепремиерот и министер за односи меѓу заедниците Иван Стоилковиќ рече дека МОЗ се приклучува кон глобалното чествување на Меѓународниот ден на мајчиниот јазик – 21 Февруари со порака за „јакнење на културните особености и промоција на соживотот во нашата земја која се карактеризира како повеќенационална и повеќејазична“.