Стандард

Производителите на пченица бараат да се намали цената на лебот

21.02.2025 18:00

Асоцијацијата на земјоделци и фармери бара намалување на цената на лебот на 20 денари, зашто велат, ниска е цената на пченицата. Се бараат и повисоки субвенции но и за 50 насто поевтини заштитни средства во производството...

Цената на лебот треба да се намали на 20 денари, бара Асоцијацијата на земјоделци и фармери. При ниска цена на пченицата од 9 до 11 денари, сите пресметки покажуваат дека моменталната цена на лебот од 30 до 35 денари е висока.

За производителите на леб, сегашната цена е реална наспрема трошоците. Брашното што го купуваат е мешавина од домашна и увезена пченица.

Домашните потреби од пченица се околу 360.000 тони, а производството е за 100-на илјади тони помало.

Зголеменото домашно производство може да влијае за пониска цена се согласуваат производителите. Граѓаните имаат свои калкулации за реалната цена на основниот прехранбен продукт

Асоцијацијата на земјоделци и фармери бара повисоки субвенции за производството на лебното зрно, а заштитните средства да се намалат за 50 проценти, зашто се меѓу најскапите во регионот.

 

Елизабета Митреска