Одобрени првите кредити на компаниите од унгарскиот заем
До крајот на месецот на сметката на компаниите ќе легнат парите за финансирање на проекти со средства од унгарскиот заем. Бизнисот задоволен, ќе ги вложува во опрема и инвестиции во производство. А, министерката за финансии децидна, не се планираат промени во даночната политика…

Одобрени се првите кредити од унгарскиот заем за кои аплицирале голем број компании – истакна министерката Димитриеска-Кочоска на средбата со бизнис еснафот. Очекува оваа инвестиција да зголеми продуктивноста, да ја зајакне конкурентноста.
Поднесени се барања до Развојната банка за префрлање на средствата. Првите пари се очекува да им бидат префрлени на комерцијалните банки до крајот на месецов.
Приоритет имаат оние компании кои ќе инвестираат во опрема и модернизација на производствениот процес. Бизнис секторот најавува позитивен циклус во кој ќе бидат вклучени повеќе стопански гранки.
Бизнисот со предлог листа за царинските стапки со цел усогласување со европските. Димитриеска- Кочоска не планира промени во даночната политика за поголема економска предвидливост.
Александра Велинова
