Одбележан Меѓународниот ден на мајчиниот јазик
Фактор е на нашиот идентитет и култура и водилка на препознатливост низ мноштвото мајчини јазици на другите. Покрај седумте опфатени со Уставот во земјава, имаме богатство јазици на заедниците...
Фактор е на нашиот идентитет и култура и водилка на препознатливост низ мноштвото мајчини јазици на другите. Покрај седумте опфатени со Уставот во земјава, имаме богатство јазици на заедниците. Зборуваат, пишуваат, комуницираат, а годинава за првпат се натпреваруваат. Наставниците горди на делото на своите ученици.
Министерот за односи меѓу заедниците, Иван Стоилковиќ, кој го објави конкурсот вели, овој натпревар покажува дека различностите треба да нè зближуваат, а нè да не отуѓуваат.
Премиерот Мицкоски со порака на социјалните мрежи-вели македонскиот јазик е тој што нè обликува, ни помага да сакаме, да се бориме и да сонуваме.
„Да го почитуваме, негуваме и со гордост да го пренесуваме на следните генерации, бидејќи секој изговорен збор е сведоштво за нашата традиција, културно наследство и непокорен дух“, напиша Мицкоски.
Мајчиниот јазик е белег на еден народот, смета универзитетската професорка Мојсова-Чепишевска.
Во светот постојат преку 7.000 јазици, но загрижувачки е што само во периодот од 1950-та до 2010-та година исчезнале дури 230 јазици.
Фиљана Кока
